Булевар "Александар Македонски" 66

Визија

Нашето мото: најдобри услуги за нашите клиенти, го остваруваме со оптимални и конкурентни проектни решенија, со производи и услуги според светски стандарди и квалитет и со прифатливи цени.

Мисија

  • Му даваме поголема и благородна улога на челикот во секојдневниот живот на човекот;
  • Инвестираме и имплементираме нови современи технологии;
  • Секој производ го одработуваме високо квалитетно, на одговорен начин и по разумна цена;
  • Перманентно ја зголемуваме лепезата на производи;
  • Промовираме ефикасни и квалитетни услуги по пристапни цени;
  • Стануваме се поприсутни на странските пазари.

10 причини зошто треба да го изберете ФАКОМ

  1. 50 годишна традиција, успешност и развој
  2. 700 вработени и повеќе од 25.000м2 современо опремени работилници со производствен капацитет од над 40.000 тони разновидни челични производи, полупроизводи и опрема
  3. Можност за комплетна услуга:
  4. Брзо снабдување со потребен репро материјал без трошоци за транспорт
    • ФАКОМ е во ист двор со Макстил - Duferco производител на лим
  5. Перманентно инвестирање во нова современа опрема за Производство
  6. Современа опрема за брза, квалитетна и сигурна монтажа
  7. Континуирано инвестирање во нови технологии и обука на кадри
  8. Сертифицирани по најстрогите Европски нормативи
  9. Бесплатни совети и идејни решенија за реализација на Вашите идеи
  10. Затоа што со ФАКОМ добивате врвен квалитет, најкраток рок на испорака и сигурност при експлоатацијата на произведената опрема.

Опрема_за_производство