Булевар "Александар Македонски" 66

А. Пазарна стратегија

Офанзивен пристап, следејќи ја поголемата коњуктура на пазарот на металопреработувачката индустрија:

  • Следење и оперативна помош на клиентите од идеја до комплетна реализација на проектите;
  • Позитивни оперативни контакти со финансиски институции и инвестициони фондови во земјата и странство;
  • Покривање со поимот за компанијата на сите интересни простори на пазарот;
  • Перманентна презентација на кадровските и техничко технолошките потенцијали на компанијата;
  • Перманентно иновирање и инвестирање во знаења и вештини и техничко-технолошко унапредување на производните процеси преку учество на семинари, симпозиуми, конференции, посета на специјализирани саеми.

Б. Конкурентска предност

На домашен пазар, компанијата практично нема конкуренција за пообемни, позахтевни и поодговорни работи каде се бара најголема стручност и квалитет, примена на светски стандарди и поседување на меѓународно признати сертификати.

ФАКОМ АД - Скопје перманентно ја развива и унапредува конкурентската предност што ја има во земјите на поранешна Југославија и соседните земји.

ФАКОМ АД - Скопје е најдобар избор за секој клиент во подрачјето на тешката индустрија (металургија, рафинерии, цементарници, термоцентрали), големите објекти (производни хали, спортски сали, стадиони), мостовите и специјалните конструкции (силоси, резевоари, оџаци, хидротехничка опрема и цевководи итн).